ССНМ: Борбата за слобода на Асанж е борба за новинарството

Судот во Лондон денес и утре одлучува за екстрадиција на Џулијан Асанж во Соединетите Американски Држави каде може да се соочи со 175 години затворска казна.

Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) велат дека борбата за неговата слобода е борба за новинарството.

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја потврдува својата поддршка за Асанж кој е наш почесен член и се придружува кон апелите на Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари за негово ослободување. #FreeAssangeNOW“, соопштува ССНМ.