Српскиот режисер и антифашист Златко Паковиќ гостин во антивладиниот камп

Срскиот режисер и антифашист Златко Паковиќ, колумнист во белградски „Данас“ денеска ќе биде гостин во кампот пред владата. Според најавите, тој ќе учестува во дебата „Театарот, стварноста и Брехт“ заедно со Никола Гелевски,  уредникот на порталот Окно и професорот Владимир Милчин, од 18 до 20 часот.

И за денеска во антивладиниот камп се најавени многу музика, дискусии, филмска проекција и пинг понг турнир од 16 до 18 часот.

Во периодот меѓу 20 и 21 часот пак ќе биде презентирано истражувањетo„Новите улици во Скопје и темелните права на граѓаните”, спроведено од Плоштад Слобода на шест улици во три општини низ главниот град. Истражувани се практиките при реновирање на улиците и нивните ефекти врз пешаците, велосипедистите, луѓето со пречки во движењето, повозрасните граѓани, како и животната средина. Говорници и модератори на дискусијата која ќе следи по презентацијата на резултатите се Ивана Драгшиќ и Никола Наумоски.

Свој настап во кампот ќе имаат Иван Раденов и Кристина Арнаудова, а вечерта ќе заврши со видео проекција на „Ибзеновиот Непријател на народот како Брехтова поучна пиеса” чиј сценарист и режисер е Златко Паковиќ.