Истражување: скопските улици се реновираат само во корист на возачите

Улиците во Скопје се реновираат само во корист на возачите. Тие се пошироки, побрзи, побучни, додека локалците, пешаците и останатите учесници во сообраќаот и понатаму се дискриминирани во јавниот простор.

Ова е еден од заклучоците од истражувањето „Новите улици во Скопје и темелните права на граѓаните”, спроведено од здружението „Плоштад Слобода“ на шест улици во три општини низ главниот град.

Истражувани се практиките при реновирање на улиците и нивните ефекти врз пешаците, велосипедистите, луѓето со пречки во движењето, повозрасните граѓани, како и животната средина.

Резултатите од истражувањето ќе бидат претставени вечерва (21 мај) во 20:00 часот, на сцената во кампот пред Владата на Република Македонија.Говорници и модератори на дискусијата ќе бидат Ивана Драгшиќ и Никола Наумоски.