Танчерите од Специјалната олимпијада Македонија освоија два сребрени медали на Светскиот шампионат во танц како спорт кој се одржа во Грац, информираа тие.
Во конкуренција од 13 земји, каде учествуваа 80 атлети, второ место во индивидуален перформанс во стомачен танц освои Јулијана Петровска, додека македонската делегација освои и второ место во тимски перформанс на јунифајд екипата со танго бачата.
Танчерите за првенство ги подготвуваше кореографката Евгенија Трифуновска, а водач на делегацијата беше Александра Димеска.
Инаку, танцот како спорт официјално е спортска дисциплина од олимписките игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби од 2019 година и ќе биде официјална натпреварувачка дисциплина почнувајќи од Зимските олимписки игри на Специјалната олимпијада во 2025 година.