Спасени се сите 12 момчиња со нивниот тренер од поплавената пештера во Тајланд

Сите 12 деца се извлечени од пештерата во Тајланд заедно со нивниот тренер, објавија светските медиуми. Таму беа заробени од 23 јуни.

ПОследен од групата беше извлечен нивниот тренер, јавуваат медиумите. Покрај него, денеска беа спасени последните четири момчиња. Претходните два дена беа извлекувани по четири момчиња во опасната спасувачка акција што ја спроведе интернационален нуркачки тим.

Загина еден од нуркачите што помагаат во спасувањето на момчињата заробени во пештера

Момчињата спасени за време на акцијата со хеликоптер веднаш се пренесени во болница.