Со забава во МКЦ ќе се собираат средства за одржување на Родителската куќа

Невладината организација „Сано“ составена од родители и пријатели на деца кои се излечиле или мометално се лечат од малигни болести, организира добротворна забава во Младинскиот културен центар во Скопје.

Таа од неодамна ги отвори вратите од Родителската куќа, каде бесплатно може да престојуваат родители и нивните деца кои моментално се лекуваат од некоја малигна болест на Детската клиника, а не живеат во Скопје.

„Но, за да биде оваа куќа привремен дом на уште многу фамилии потребна ни е вашата помош“, велат од „Сано“.

Забавата е закажана за 1 март од 21 часот во Денсинг салата на МКЦ.

Билетите може да се купат на билетарата на МКЦ или онлајн на следниот линк >>> https://bileti.mkc.mk/index.php?id=449