„Со кино против земјотрес“ – герила акција во Градскиот парк

На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер започна да се шири веста дека во 22 часот во Градскиот парк ќе има филмска проекција, за оние луѓе кои премногу се вознемирени од денешните земјотреси во Скопје и кои се плашат да се вратат во своите домови.

„Дечки, пар луѓе решивме за вечер да правиме кино на отворено во парк во 22:00. Сите што останавте во Скопје, а сте премногу потресени за да седите дома, дојдете си со другарчињата, пуканките и пијачките у парк да правиме групна терапија со добро филмче“, се вели во повикот, кој почна да се споделува на социјалните мрежи под хаштагот #СоКиноПротивЗемјотрес.

Скопје денеска го потресоа повеќе  земјотреси. Првиот посилен се случи во 6:58 часот наутро, а веднаш по него следуваше и помал. Првиот беше со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес со јачина од 2,8 степени.

Во 15:10  часот, пак, беше почувствуван со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, со епицентар на седум километри североисточно од центарот на градот, со длабочина од два километри.

Десетици лица повредени по земјотресите во Скопје, отворена е посебна линија 195