Со дискусија за македонскиот јазик и свеченост на Плаошник се одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

По повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Владата на Република Северна Македонија организира дискусија на тема „Македонскиот јазик во словенскиот свет“.

Дискусијата е најавена да почне во 10 часот, додека од 11:30 часот на Плоштадот во Охрид ќе биде положено цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј.

Од 12 часот, на Плаошник, ќе се одржи централната свеченост на кој ќе биде одбележан Денот на Св. Кирил и Методиј, на која ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Сите денешни настани можат да се проследат во живо преку следниве линкови:

Свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј  (На македонски јазик)

Shënim solemn i 24 Majit – Dita e shënjtorëve mbarëslloven Shën Kirili dhe Metodi (На албански јазик)