Со беспилотни летала и ласери Фејсбук ќе носи интернет во цел свет

Компанијата Фејсбук и официјално соопшти дека е формиран тим кој ќе бара нови начини за поголема достапност на интернетот во регионите што засега немаат достап до мрежата. За оваа цел ќе се користат ласери, беспилотни авиони и сателити.

Цукерберг  Фејсбук

„Работиме на изнаоѓање средства за испорачување на интернет од небото“, истакна основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг во сооопштение објавено на неговата мрежа.

Според најавите, Фејсбук работи на начини за испорака на интернет услуги на две третини од населението во светот, кое нема пристап до мрежата, при што станува збор главно за заостанатите или слабо развените региони.

Членовите на екипата се експерти на НАСА и петмина вработени во британската компанија „Асента“, специјализирана за производство на авиони на сончева енергија, што се способни да минуваат големи растојанија.

Пред неколку седмици и TechCrunch веќе објави дека Фејсбук преговорарал за купување на компанијата за дронови (беспилитни летала) Titan Aerospace за 60 милиони долари, со цел преку дроновите да донесе интернет во целиот свет.