Фејсбук со дронови ќе носи интернет низ цел свет

Фејсбук е во преговори за купување на компанијата за дронови( беспилитни летала) Titan Aerospace за 60 милиони долари, објави TechCrunch.

Фејсбук со дронови ќе носи интернет низ цел свет

Целта, според најавите, е Фејсбук со користење на дроновите да донесе интернет онаму каде што сега е недостапен, а како дел од идејата на основачот Марк Цукерберг за носење интернет во целиот свет.

Ова е сличен план со тој на Гугл, со кој се планира да се пуштат балони кои ќе однесат безжичен интернет во сега недостапните предели.

Ова пак е предизвик и за двете компании кои и сега се трудат да привлечат што е можно повеќе членови кои ги користат нивните услуги.

Што е засега познато за ваквите дронови?

Дроновите се покриени со соларни панели кои даваат доволно енергија за да се движат 20 километри над нивото на морето. Дроновите можат да останат во воздух пет години пред да имаат потреба од гориво или приземјување.

Titan Aerospace

И покрај соларните панели дроновите исто така имаат внатрешна батерија за да може да се лансираат и навечер.

Titan Aerospace

Помалиот модел Solara 50 – е доле 50 метри и тежи само 160 килограми. Сепак може да носи тежина од 32 килограми. Ова значи дека Фејбук ќе може да го опреми со опремата неопходна за да донесе интернет на копно.

Titan Aerospace

Дроновите можат да летаат со брзина од 104 км. на час.

Titan Aerospace

Тие имаат опсег од 4 милиони километри, што пак значи дека можат да патуваат околу 2.5 милиони милји.

Titan Aerospace

Овие дронови се првите сателити во атмосферата на сончев погон.

Titan Aerospace

Сепак тие се поевтини од сателитите во орбитата. Во секој случај на Фејсбук ќе му овозможат интернет низ сите делови од светот каде што нема инфраструктура, пишува Businessinsider.