Со аплаузи пречекан Хрватот што испешачи 200 километри за децата со ретки болести

Саша Павлиќ, кој изминативе денови испешачи приближно 200 километри со дрвен крст на својот грб, пристигна во Загреб каде со огромен аплауз го дочека група родители и деца, јавува РТС.

Павлиќ се одлучи на овој потег револтиран од одлуката на хрватските власти да доделат пола милијарди долари за купување на 12 половни авиони, додека во фондовите за ретки лекови и детски болести се речиси празни.

„Ние одлучуваме дали воопшто ќе не има. Мораме да знаеме да си ги заштитиме своите деца. Што да им кажам на тие луѓе? Сите знаеме што ќе кажат, ако воопшто излезат. Отцепени се од народот, отцепени се од се. Зарем не можеме за стотина деца да дадеме се што треба? Ова е прашање за сите нас, вие одлучувате што ќе читате во весниците и на порталите. Четири милиони граѓани ќе кликнат нешто бесмислено“, рече Павлиќ пред зградата на Владата.

Обраќајќи се на оние кои останале во своите домови, наместо да го кренат својот глас, Павлиќ рече:

„Живејте во таа земја, а ние ќе си заминеме далеку од овде, таму каде се ценат луѓето, децата и животот“, истакна Павлиќ пред да влезе во зградата на Владата.

Павлиќ во саботата го започна својот марш од Ријека до Загреб. За време на патувањето имал проблеми со ногата поради што имал големи болки.

Тој вели дека носењето на крстот, кој инаку сам го направил, е едноставно порака дека за авиони има пари, а за децата нема.

Хрват пешачи од Ријека до Загреб со крст од 20 килограми на грбот револтиран што владата нема пари за болните деца

Во Загреб, Павлиќ бил пречекан од мајки чии деца имаат ретки болести, по што заедно се упатиле кон Владата.

„Сакам да го предадам тој крст на Владата да ги потсетува во моментите кога донесуваат одлуки за децата“, рече Павлиќ.

На Фејсбук е отворена и страница со неговото име, како и настанот „За децата, против половните авиони“, каде веќе голем број граѓани се приклучија.