Snowden добил 47 гигабајти нотификации од Твитер

Кога Edward Snowden пред два дена се појави на Твитер, заборавил да ги исклучи известувањата преку електронска пошта, што социјалната мрежа автоматски ги испраќа за секоја интеракција.

Ова се покажало како грешка, затоа што Snowden само во првите неколку часа од отворањето на профилот, имаше стотици илјади следачи. Како што самиот раскажува, Твитер го преплавил неговиот инбокс, испраќајќи му нотификации тешки 47 гигабајти.

Откако се вклучи на Твитер пред нецели два дена, Snowden собра 1.23 милиони следачи. Само неговиот прв твит има 120.000 ретвитови:

Судејќи според првите два дена, се чини дека широката Твитер-заедница го прифаќа Snowden како нејзин важен иден член, препознавајќи го неговиот придонес во заштитата на граѓанските права.