Edward Snowden отвори профил на Твитер, собра скоро милион следачи за 15 часа

Американскиот „свиркач“ Edward Snowden, кој му откри на светот дека Националната агенција за безбедност на САД (NSA) организирано прислушувала милиони луѓе низ светот, од вчера има профил на социјалната мрежа Твитер.

За само 15 часа, Snowden собра над 900.000 следачи, а тој самиот следи само еден акаунт – оној на NSA.

32-годишниот Snowden, кој е на непозната локација во Русија, каде се крие од американските власти кои го товарат за шпионажа, веднаш влезе во директна комуникација со дел од неговите следачи на Твитер, а постираше и неколку твитови. NSA за американските медиуми не даде коментар за појавувањето на Snowden на социјалната мрежа, но неговиот прв твит беше поздравен од привремениот прв човек на Твитер, Jack Dorsey:

Во правилата за користење на Твитер стои дека компанијата не дозволува користење на социјалната мрежа за „незаконски активности“, што имплицира дека за Твитер не претставува криминал тоа што Snowden ќе ја користи мрежата додека е во бегство од американските истражни органи. Во едно неодамнешно интервју, тој откри дека е загрижен оти користењето на социјалните мрежи може да ја загрози неговата безбедност, велејќи дека постојано мора да внимава и да презема мерки за заштита.