Снегот ја парализираше Шведска – откажани летови, возови и автобуси

Шведскиот хидрометеоролошки институт (СМХИ) издаде предупредување поради снегот кој сè уште паѓа во поголемиот дел од земјата. Поради снежните врнежи откажани се летови, возови и автобуски линии.

Во голем дел од Стокхолм, СМХИ издаде портокалово предупредување за снежни врнежи во понеделникот, додека жолти предупредувања се во сила за делови од округот Упсала, најисточните Готланд и Свеаланд, округот Вастра Готланд, округот Калмар и Скане.

Стокхолм е силно погоден од снежното невреме, па така, многу линии на регионалните возови се откажани.

Поради снегот откажани се поголем дел од автобуските линии во областа Стокхолм, каде се очекува до крајот на денот да наврнат уште 30-40 сантиметри снег. Комуналните служби напорно работеа во текот на ноќта.

„Се чини дека станува се полошо и полошо. Во моментов има проблеми првенствено во северните и јужните делови на округот“, изјави Андреас Стромберг, официјален претставник на Управата за транспорт на регионот Стокхолм.

Главниот град на Шведска со години има проблем со сообраќајот кога паѓа снег. Ова води до километарски редици, а граѓаните се принудени да работат од дома.