Словенија ја избра првата жена претседател

Адвокатката Наташа Пирц Мусар беше избрана за прва жена претседател на Словенија, откако во вториот круг од изборите кои се одржаа вчера ја победи поранешната министерка за надворешни работи Анже Логар со 53.86% од гласовите, јавува Словенија тајмс.

54-годишната Пирц, која е нова во политиката, се опишува себеси како лев либерал. Претходно таа работеше како прв комесар за информации во земјата и неколку години како водителка на вести. Позната е по нејзиното застапување за човекови права и владеењето на правото.

Пирц не беше поврзана со ниту една партија, но беше поддржана од двајца поранешни претседатели пред првиот круг, а двете најголеми партии од владејачката коалиција ја поддржаа откако нивниот кандидат не влезе во вториот круг.

Во своето прво обраќање таа вети дека ќе работи напорно за човековите права и демократијата.

„Ќе дадам се од себе за вистински да бидам претседател на сите, ќе работам напорно за основните човекови права, уставните права и демократијата“, рече Пирц.