Сликата пронајдена во ѕид на италијански музеј е украденото дело на Густав Климт, потврди истрагата

Слика на Густав Климт, украдена од италијански музеј пред речиси 23 години, а која неодамна беше пронајдена во еден во ѕидовите на музејот каде што претходно била изложена е автентична, потврди истрагата на италијанските власти.

Рендгенските снимки покажаа дека станува збор за познатото дело на Климт насловено „Портрет на една дама“. На сликата го имал и печатот на музејот.

Тим експерти предводени од Клаудија Колина од Институтот за културно наследство во Болоња го потврдија делото.

Исчезнувањето на „Портрет на една дама“ е една од најголемите мистерии во светот на уметноста откако сликата беше украдена од уметничка галерија во Пјаченца во 1997 година.

Пред кражбата, студент од ликовна академија открил дека Климт го нацртал „Портретот на една дама“ врз негово претходно дело.

Инаку, сликата ја открил градинар додека го средувал бршленот на надворешниот ѕид од музејот, во метален дел во кој била скриена ќеса со сликата.