Украдена слика на Густав Климт можеби е пронајдена во ѕид на италијански музеј

Постојат шанси да е откриен портрет од Густав Климт кој бил украден пред 23 години, а бил скриен во еден во ѕидовите на музејот каде што претходно бил изложен. Иако експертите сѐ уште ја утврдуваат автентичноста на делото, можно е да станува збор за Портрет на една дама“, кое е едно од топ светските изгубени уметнички дела. Исчезнатиот портрет на Климт е проценет околу 60 милиони евра.

„Портретот на една дама“ е дело кое било украдено во 1997, во време кога уметничка галерија во Пјаценза, Италија подготвувала специјална изложба фокусирана околу делото. Полицијата тогаш верувала дека кражбата била договорена внатрешно. Пред кражбата, студент од ликовна академија открил дека Климт го нацртал „Портретот на една дама“ врз негово претходно дело, што прави овој портрет и те како да отскокнува од сликите на Климт.

Градинарот ја открил сликата додека го средувал бршленот на надворешниот ѕид од музејот, во метален дел во кој била скриена ќеса со сликата. Експертите моментално научно го анализираат делото за да се сигурни дека делото е изчезнатата слика на Климт.

„Portrait of a lady“

Џонатан Папамеренги, член на советот на Пјаченза, според „Гуардијан“, за италијанскиот весник „Ла република“ изјавил дека „доколку се потврди автентичноста на сликата, тоа ќе биде сензационално откритие кое ќе е подготвено за повторно изложување во јануари“.

Станува збор за најбараната украдена слика во светот, по сликата „Nativity with St Francis and St Lawrence“ на Караваџо. Оваа слика на Караваџо беше украдена во Палермо во 1969.

Италијанскиот уметнички критичар Виторио Сгарби е убеден дека делото пронајдено во Пјаченза е дело на Климт, а за италијаскиот медиум „Кориер делла сера“ изјавил дека „пронаоѓањето на делото, кое е интензивен и налик жив портрет, е најдобриот божиќен подарок“.

Извор: AРТСИ