Град Скопје од 5 ноември го отвора конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“, наменет за деца и млади на возраст до 18 години од Скопје. Новогодишните желби ќе може да се испраќаат до 1 декември 2026 година.
За учество, покрај желбата, потребно е да се наведат името, презимето и возраста на детето, како и името и презимето на родителот, неговата електронска адреса и телефонски број. Задолжително е да се достави и потпишана согласност, која е достапна на веб-страницата на Град Скопје.
Желбите, заедно со потпишаната согласност, треба да се испратат на електронската адреса [email protected].
Според најавата на Град Скопје, пристигнатите детски желби ќе бидат дел од новогодишните содржини во градот во пресрет на Новата 2027 година.



