Владата на Република Македонија усвои Одлука со која ги задолжи сите министерства и државни органи да станат претплатници на списанието ,,Лице в лице’’ и со тоа да ја покажат својата општествена одговорност. Одлуката е донесена на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а беше соопштена по повод синоќешното одбележување на петгодишнината од првиот број на ,,Лице в лице’’ кога беа доделени признанија на повеќе поддржувачи на овој проект, меѓу кои и на министерката Мила Царовска.
5 години „Лице в лице“ – Обезбедени 5 милиони денари, работа и инклузија за најранливите граѓани
„Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво во Република Македонија, списание кое ја подигнува општесвената свест за важни теми и претставува значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат ранливи категории на граѓани, преку нивно работно ангажирање, соопштија од Министерството.
Во иста насока, во Ревидираниот оперативен план за активни програми за мерки за вработување за 2017 година за прв пат се обезбедени средства за поддршка на претпријатија и граѓански организации со примарна дејност во областа на социјалното претрпиемништво, односно ќе се доделуваат неповратни средства во висина до 615.000 денари. Предвидена е и пилот мерка за поддршка во креирање на нови работни места во граѓански организации, каде ќе се доделуваат грантови во опрема или материјали наменети за успешни организаци.