Сингапур ќе ги легализира хомосексуалните врски

Властите во Сингапур најавија укинување на законот „377А“, со кој се забранува хомосексуализмост, односно истополовиот секс, пренесува „Би-Би-Си“.

ЛГБТИ+ активистите долго време барале укинување на законот бидејќи ја поттикнувал стигмата кон ЛГБТИ луѓето, што се коси со уставот на Сингапур, кој забранува дискриминација од било каков вид. Со законот, ќе биде легализирана хомосексуалноста во Сингапур.

Одлуката за декриминализација на хомосексуалноста била најавена од премиеро Ли Хсиен, по долги години поминати во жестока дебата.

Тој изјавил дека укинувањето на досегашниот закон била вистинската работа што треба да се направи и додал дека поголемиот дел од жителите на Сингапур ќе се сложат со одлуката.

„Сега геј луѓето ќе бидат повеќе прифатени, а законот е во линија со социјалните сфаќања и се надевам дека ќе им донесе олеснување на геј жителите“, посочил премиерот.

ЛГБТИ+ активистите истакнале дека укинувањето на законот и легализацијата е „победа на човештвото“. Сингапур е познат по конзервативните сфаќања, но во последните години е забележан раст на жителите кои побарале законот „377А“ да биде укинат.

„Конечно успеавме и многу сме среќни дека овој дискриминаторски и застарен закон е укинат. Можеби за укинувањето беше потребно многу време, но конечно се случи“, изјавил активистот Џонсон Онг, додавајќи дека законот е чекор кон поголема еднаквост.