Симболична фотографија на протестните собири за поддршка на Навални продадена за над 26.000 долари

Фотографија направен во полициска станица од истакнатиот руски фотограф Дмитриј Марков, која се претвори во онлајн симбол на масовните собири за поддршка на затворениот опозиционер Алексеј Навални, е продадена за 2 милиони рубљи или 26.800 американски долари, јавува „Радио Слободна Европа (РСЕ)“.

Марков викендов на неговиот Фејсбук профил објави дека фотографијата на која се гледа како полицаец седи на биро, додека портрет на рускиот претседател Владимир Путин виси на ѕидот зад него, е продадена на интернет аукција, на лице кое тој го именуваше само како Екатерина.

Марков соопшти дека парите ќе им бидат дадени на две организации кои во фокусот ги имаат правата на демонстрантите кои протестираат во земјата, односно, на „OVD-Inform“ и „Apology of Protest“.

UPD: умные люди подсказывают что по правилам аукциона время должно продлеваться, но у меня уже сдали нервы. Работа…

Posted by Dmitry Markov on Saturday, February 6, 2021

Фотографијата била направена на 2 февруари кога Марков бил приведен и однесен во полициска станица во Москва, заедно со стотици други демонстранти.

Истиот ден, судот во Москва го прогласи Навални за виновен за кршење на условната казна која му беше изречена во случај за проневера на пари од 2014 година, процес кој тој го оцени како политички мотивиран.

Судот тогаш ја претвори неговата пресуда во три и пол години затворска казна. Со оглед на тоа што Навални веќе одреден период поминал во притвор претходно, судот истакна дека тој ќе мора да отслужи затворска казна од две години и осум месеци.

Пресудата предизвика протести низ целата земја, а повеќе од 1.400 лица беа приведени од полицијата истата вечер.

Во изјава за „РСЕ“, Марков претходно ја оцени неговата фотографија како „многу илустративна“.

„За да ја добиете целосната идеја (на фотографијата), би било одлично да ги видевте луѓето кои седеа пред полицаецот. Имаше млади луѓе, на возраст околу 25 години, додека полицаецот очигледно има околу 50-тина години. И тој се срами, се плаши да го покаже своето лице, носи фантомка, иако таму беше многу топло“, рече Марков.

Навални беше уапсен на аеродром во Москва на 17 јануари, веднаш по пристигнувањето од Германија, каде што се лекуваше откако беше отруен со нервен гас во Сибир во август.  За труењето тој го обвинува Кремљ, кои негирааат било каква вмешаност во случајот

Апсењето на 44-годишниот опозиционер предизвика масовни протести низ цела Русија.