„Си-ен-ен“ го отпушти водителот Крис Куомо

„Си-ен-ен“ го отпушти водителот Крис Куомо откако се открија детали дека тој му помагал на својот брат Ендрју Куомо кој е политички функционер и претходно оваа година бил тужен за сексуално вознемирување.

Медиумот го суспендирал Куомо за да ја истражи соработката помеѓу водителот и адвокатите на неговиот брат.

„Ние најмивме угледна адвокатска фирма за да го истражи случајот, а Куомо го отпуштивме. За време на истрагата дојдовме до нови детали. И покрај отказот, истрагата ќе се одвива до крај“, истакнале од „Си-ен-ен“.

Оттогаш мрежата не ги објави дополнителните детали од истрагата.

На Твитер, Крис Куомо објави дека е горд на работата која ја направил во медиумот.

„Ова не е начинот на кој сакам да го напуштам „Си-ен-ен“, но веќе ви објаснив зошто и како му помагав на брат ми. Дозволете кажам дека сум многу разочаран, многу сум горд на тимот со кој соработував и работата која ја правевме за најгледаниот термин на „Си-ен-ен“, напишал водителот.

Откако повеќе жени го обвинија Ендрју Куомо за сексуално вознемирување, водителот барал извори за информации против жртвите, кои понатаму ги пренесувал на правниот тим на функционерот.

Функционерот Ендрју Куомо сексуално нападнал 11 жени.