Шведскиот парламент усвои закон со кој се дозволува промена на пол на 16 годишна возраст

Со 234 пратеници за и 94 против, шведскиот парламент усвои закон со кој се намалува старосната граница за операција за промена на полот од 18 на 16 години. 

Според новиот закон, лицата под 18 години кои сакаат да го променат полот ќе им треба дозвола од старател, лекар и од Националниот одбор за здравје и благосостојба, пишува Асошиејтед прес.

Пациентите кои сакаат операција за промена на пол повеќе нема да мора да имаат дијагноза за „родова дисфорија“, која експертите ја опишуваат како „стрес на лице чиј пол не одговара со нивниот родов идентитет“.

Вакви закони веќе се усвоени во Данска, Норвешка, Финска и Шпанија.