„Што по пандемијата?“ – Меѓународна манифестација „Ноќ на идеите“ 2022 во Скопје

Францускиот институт во Скопје го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022, во петок, 18 февруари 2022, со почеток во 19 часот, во Europe House во Скопје и на Zoom.

Овогодишното издание го носи насловот „Што по пандемијата?“, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во време на пандемија.

Главните прашања на кои ќе треба да одговорат панелистите се:

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?
Каква визија може да се има денес за иднината?
Како да се реобмисли животот по овие долги периоди на неизвесност и затвореност?

Учесници на научната средба се:

– г-дин Пјер Касу-Ногес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела

– проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје

– проф. д-р Емилија Јаневиќ, професорка на  Факултетот за медицински науки во Штип

Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Јордан Шишковски, професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Настанот ќе се одвива со симултан превод и ќе се одржи на следниот Zoom линк.

За физичко присуство, потребна е регистрација на следниот мејл: culture@ifs.mk .