Штипскиот универзитет повторно не ги избра професорите штрајкувачи

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на последната седница на наставно-научниот совет повторно не изгласа повисоко звање за професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски кои 21 ден штрајкуваа со глад, објави Фокус.

Штипскиот универзитет повторно не ги избра професорите штрајкувачи

Според информациите на „Фокус“, состанокот се одржувал во тензична и напната атмосфера, со викотници и кавги при што на едниот од тројцата професори Костадиновски, му се влошила здравствената состојба и завршил во болница.

Наместо седницата да биде прекината, деканот Ристо Фотов ја продолжил и Костадиновски повторно не бил избран во повисоко звање. И овој пат, како и минатиот, против професорите гласале осум нивни колеги, а петмина биле за избор во повисоко звање.

Тројцата професори и покрај позитивната одлука на рецензентската комисија не беа избрани во повисоки научни звања, а во штрајкот со глад освен од СОНК, беа поддржани и од дел од нивните колеги, како и од студентите.