Шпанија ја ограничува употребата на мобилни телефони во училиштата

Шпанија работи на забранување на мобилните телефони за време на училишните часови. Земјата воведува целосни забрани или високо ги регулира уредите за кои многу од наставниците и родителите сметаат дека не се потребни за време на часовите.

За ваквата одлука се разговара во „Ватсап“ група во која членуваат над 10.000 родители од различни краеви во Барселона и се консултираат во врска со користењето на телефони на учениците. Покрај тоа, таму се покренуваат иницијативи, како на пример таа да се воведе документ кој родителите ќе може да го потпишат, а со што се обврзуваат да не му купуваат смратфон на своето дете ако има помалку од 16 години.

Според последниот извештај на УНЕСКО за глобалниот мониторинг на образованието, една од четири земји одобрила забрана на мобилните телефони во училниците.

Во различни региони низ Шпанија има различни притапи по ова прашање. Некои се за целосна забрана на телефоните во образовните институции, додека други имаат поблаг пристап.

Оваа година многу шпански училишта воведоа строги правила за користењето на мобилни телефони за време ан часовите. Во меѓувреме, минатата недела, образовните власти во Каталонија соопштија дека 53% од училиштата во регионот ќе воведат построги правила.

Шпанија сега им се приклучува на другите европски земји кои го прават истото. Франција, Италија, Португалија, Финска и Холандија воведоа или планираат да воведат слични забрани за мобилните телефони.

Новото упатство од Министерството за образование во Обединетото Кралство ќе ги поддржи наставниците во нивната идеја за воведување забрана за време на училишниот ден, вклучувајќи ги и паузите со цел да се намали врсничкото насилство и да се зголеми вниманието за време на часовите.

Во Македонија неодамна иницијативата Шанса за Центар побара слична одлука и за школите во скопската општина.

Мобилни телефони во(н) училишните часови