Шесто издание на Меѓународниот студентски фестивал на етнографски филм „Етнофф“ во Кинотека

Со филмот „Удоле длабоко, угоре високо“ денеска ќе се отвори шестото издание на Меѓународниот студентски фестивал на етнографски филм „Етнофф“. Организиран од страна на Македонското студентско етнолошко друштво, фестивалот ќе се одржи во Кинотеката на С. Македонија, а во случај на промена на правилата за одржување на јавни настани, фестивалот ќе биде префрлен онлајн.

Во склоп на фестивалот ќе има проекција на мноштво филмови, меѓу кои и оние произлезени од првата Дигитална школа за автоетнографија организирана од Центарот за визуелна антропологија од Белград, Србија на тема Pan(dem)ic во текот на мај и јуни 2020 година.

Истовремено, ќе се одржи и промоција на  книгата „Етнологот како писател – писателот како етнолог“, зборник кој содржи студентска експериментална проза, поезија и стрип произлезена од заедничка работилница помеѓу Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ и Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет при УКИМ.

„Етнологот како писател: писателот како етнолог“ – младите ги оживеаја приказните „нагризани“ од времето