Шаторите се тргаат од пред Влада – Постигнат е договор со штрајкувачите од Еурокомпозит

Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“.

Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо
Анѓушев.

„Владата презема обврска на ист начин како што се решаваше „Фени индустри“ да го решава и „Еурокомпозит“, бидејќи по кажувањето на вицепремиерот има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат“, изјави претседателот на СИЕР Пеце Ристевски по средбата.

Работниците што кампуваат пред Влада го радикализираат штрајкот

Пред Владата почнаа да се отстранат шаторите поставени од штрајкувачите од Еурокомпозит.
Тие бараа исплата на заостанатите 18 плати и придонеси за здравствено и пензиско
осигурување за изминатите шест години.

МИА