Сеул ќе тестира јавен превоз без седишта со цел намалување на гужвите во нафрекфентните часови

Метро системот во Сеул ќе воспостави возни метро кабини без седишта, со цел да ја намали гужвата во утринските и попладневните часови.

Тест-периодот, кој ќе започне од јануари 2024 година, ќе испробува возни вагони без седишта кои ќе бидат доделени на двете најкористени метро линии за јавен превоз во главниот град на Јужна Кореја.

Според најавите на „Сеул метро“, во третата четвртина на 2023, нивоата на гужвите во линиите 4 и 7, каде што и ќе се воведе тест-периодот, достигнале капацитет од 193% односно 164% за време на часовите кога жителите одат или се враќаат од своите работни места. Со намалувањето и отстранувањето на седиштата се очекува капацитетот да се намали до 154% и 130%.

„Сеул Метро“ менаџира со една од најпосетените метро мрежи за јавен превоз, кои се состојат од девет лини и 275 станици, а метрото го користат седум милиони граѓани на дневно ниво.

„Доколку тест мерката се покаже како успешна, ќе ја прошириме иницијативата со цел жителите да го користат метрото на побезбеден и поудовен начин“, изјавиле од „Сеул метро“.