Секој ден во 6 – Повторно протести пред Влада

Почнувајќи од денеска, секој ден во 6 часот попладне се најавуваат низа протести пред Влада под мотот „Доста е“.

„Доста беа сериски убиства по болниците и улиците. Имаме право на живот! Имате одговорност на #Оставка!Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, десетици други од дозволени и неказнети грешки. Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност?!“, се наведува во повикот за протестот на Фејсбук чиј организатор е левичарското здружение „Солидарност“.

Истовремено со овој повик, уште еден повик за протест се шири преку социјалните мрежи од движењето „Стоп за цензурата“.

„Драги сограѓани, доволно е други да ни ја кројат иднината. Граѓани на нозе! Секој ден во 6!, стои во овој повик.

Повикот за излегување на протести секој ден во 6 започна пред четири пред години, со протестите против полициската бруталност по брутачното убиство на Мартин Нешковски. По пауза од неколку години, протестите се реактивираа во мај годинава кога граѓаните обединети во движењето „Протестирам“ излегоа на низа протести против полициската бруталност, а иницирани од насилството врз демонстрантите на протестите на 5 мај во Скопје.

Повикот „Секој ден во 6“, освен за протестите против полициската бруталност, потоа почна да се повторува и кај најавите за граѓанските протестите и незадоволството во сите општествени сфери.