Се затвора „Амок радио“

Скопското „Амок Радио“ ќе се затвори, а веста ја соопшти радискиот тим на својот Инстаграм профил, од радиото дополнуваат дека последната програма во етер ќе се слушне во сабота, на 8 октомври.

Од тимот на „Амок“ посочуваат дека потребно е одново да се размислат идните планови, визии, цели и начини на финансирање.

„Одлуката воопшто не е лесна за нас, бидејќи ја вложивме целата наша љубов и страст во ова место. Се обидовме да го направиме Скопје град во кој сите повеќе ќе уживаат, додека истовремено ги поддрживме и промовиравме новите таленти надвор од границите на земјава. Но, веруваме дека е време да продолжиме понатаму“, се вели во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amok Radio (@amok.radio)

Од „Амок Радио“ потенцираат дека функционални ќе останат „Soundcloud“ профилот и веб-страната, каде се архивирани сите досегашни настапи.

„Не можевме да го постигнеме сево ова без фантастичната поддршка од нашите слушатели, настапувач, гости и поддржувачи. Вие станавте дел од нашето широко семејство и за тоа сме бескрајно благодарни“, велат тие.

Оттаму нагласуваат дека затворањето не значи крај, дополнувајќи дека тимот ќе продолжи да работи на различни проекти.

Инаку, „Амок радио“ започна на почетокот на 2021 година како резултат на соработката помеѓу  DJ колективот „Oubli“,  културниот колектив „Скопски грув“ и „L’angolo Di caffe“. „Амок радио“ стана претпознатливо по тоа што даваше простор на разни домашни артисти и диџеи, а притоа реализираше бројни стримови.

„Амок радио“ – ново македонско онлајн радио за промоција на домашни и странски музичари