Се подготвува Боинг 747 за годинешниот фестивал „Burning Man“

На импресивната листа на уметнички инсталации претставени на уникатниот американски фестивал „Burning Man“ годинава ќе се придружи џамбо џет од типот Боинг 747.

Непрофитната фондација Big Imagination ќе го донесе авионот во пустината Блек Рок, ветувајќи дека „ќе ги движи учесниците во многу правци, ќе ги поведе на патување не само од точка А до точка Б, туку и од надворешното кон внатрешното себе“.

Боингот 747 е висок колку трикатна зграда и долг над 60 метри, а во моментов, во пустината Мохави, преку 100 волонтери работат на негова адаптација за фестивалот, кој почнува на 30 август.