Се отвора систем за донирање на вишок храна

Во понеделник (23 април) во хотелот „Порта“ од 11 часот ќе се одржи настан – отворање на системот за донирање на вишок храна.

„Ќе ни биде драго доколку заедно може да го споделиме овој момент и да помогнете во општествената промена која следи“, велат организаторите од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Инаку, во духот за иницијативата за вишокот храна, „Ајде Македонија“ за крајот на 2018 веќе најави имплементирање програма преку практични примери и демонстрации, која ќе ги насочува учениците од стручно образование за Целите на одржлив развој. Со тоа, меѓу другото, би се зголемувала свеста на учениците за спасување на храната.

Радио МОФ веќе пишуваше за и иницијативата за закон за донирање храна:

Иницијатива за закон за донирање храна: Наместо на депонија, вишокот производи до социјално загрозените