Саниран е покривот на читалната во студентскиот „Гоце Делчев“

Експресно, само една седмица по објавувањето на фотографиите на Радио МОФ  е саниран паднатиот покрив во читалната во студентскиот „Гоце Делчев“, кој веќе два месеци ја загрозуваше безбедноста на студентите што учат во просторијата.

 

DSCN7288

Станари сместени во „Гоце Делчев“ до Радио МОФ испратија фотографии кои покажуваат дека сега останува да се постават светилки на таванот, за просторијата да биде комплетно подготвена за студентите.  Како што претходно информираа од „Државниот студентски дом „Скопје“, во изминатиот период се вршеше набавка на потребните материјали за привремена санација на читалната, се додека не се изврши и целосна нејзина реконструкција.

Инаку читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ беше реновирана пред само две години, со пари од студентите кои се собираа од страна на Студентскиот парламент.