Фото: Паднат покрив и влага во читалната на студентскиот „Гоце Делчев“

Минатата година беше полна со студенти, годинава и среде колоквиумска недела читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ останува речиси празна. Студентите се загрижени за својата безбедност бидејќи во едната просторија буквално е одронет покривот, додека во другата, над нивните глави се гледаат големи кругови од влага.

DSCN7245

„Читалната оваа година нема услови за спремање на колоквиуми и испити. Уште во септември кога се доселивме не пречека со паднат кров во првата од двете простории. Веќе два месци никој не работи на поправка, а ние студентите почнавме да ја избегнуваме читалната затоа што покрај тоа што не е безбедна, истата беше и ладна.До вчера немаше греење, а не беа поставени ниту панелите. Денеска греење имаше, но никој не ни гарантира за безбедноста“, изјави за Радио МОФ студентка од домот.

Читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ беше реновирана пред две години со донации на студентите кои се собираа од страна на Студентскиот парламент. Во акцијата која тогаш се организираше на Правниот факултет, присуствуваа повеќе од 3000 студенти, кои финансиски помогнаа да се реновира студентската читална.

DSCN7243

DSCN7244

DSCN7242

DSCN7241

DSCN7239

DSCN7236