Саниран дефектот со водоводната мрежа, до полноќ ќе има вода во цело Скопје, соопштија од Водовод

Дефектот на булеварот „Кочо Рацин“ спроти Олимпискиот базен кој предизвика прекин на водоснабдувањето во поголем дел на градот Скопје, на кој од попладнево работат екипите на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран, а граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ, соопштија вечерва од претпријатието.

„Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот“, додаваат оттаму.

Од претпријатието велат дека поради тоа што станува збор за голема цевка која била под силен притисок, водата ќе се пушта постепено, односно, до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови на градот.

Пола Скопје ќе биде без вода или притисок поради голем дефект во мрежата