Саем на тема „Начини до добро ментално здравје“ во четврток во Студентскиот културен центар

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Министерството за труд и социјална политика со големо задоволство организираат на тема „Начини до добро ментално здравје“. Саемот ќе се одржи на 25 јануари (четврток), со почеток во 13 часот, во просториите на Студентскиот културен центар – Скопје.

На настанот ќе биде промовирана Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, која минатата недела беше разгледана и усвоена на седница на Владата на РСМ, на предлог од Министерството за труд и социјална политика, а подготвена од страна на НМСМ. Поздравни обраќања ќе остварат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на НМСМ, Филип Ивковски.

Саемот ќе опфати:

  • Интерактивна работилница за истакнување на потребата од грижата за менталното здравје, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена.
  • Презентација на Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, на која ќе бидат претставени целите и активностите на Стратегијата, нивното значење за младите, како и важноста од вклучувањето на младите во носењето на одлуки и креирањето на политики кои ги засегаат.
  • Саем за ментално здравје, на кој преку катчиња присутните ќе можат да ги искусат услугите за ментално здравје достапни за младите, а воедно ќе можат да добијат и дополнителни информации по однос на истите.