Русија соопшти дека сондата Луна-25 се урнала на Месечината

Првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години не успеа, соопшти руската вселенска агенција, јавува Дојче веле. Руската вселенска корпорација „Роскосмос“ денеска соопшти дека нејзиното вселенско летало Луна-25 се урнало на Месечината откако се вртело во неконтролирана орбита.

Специјалисти го истражуваат инцидентот за да ја утврдат причината, соопшти „Рокосмос“.

Ова следува откако претходно од „Роскосмос“ посочија дека вчера имало „абнормална ситуација“ за време на маневарот на сондата.

Сондата се очекуваше да слета на 21 август. Меѓу нејзините задачи беше потрагата по вода, при што Русија имаше за цел да воспостави база на Месечината до 2040 година.

[Видео] Русија ја лансираше првата мисија на Месечината по 47 години