Ректорот на УКИМ Јанкуловски земал плата од две места

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за Дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а пренесува Радио Слободна Европа.

Било утврдено дека по изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на Дигестивна хирургија, а согласно законот требало.

Од ДКСК предлагаат од директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба. Ќе има и кривична одговорност за ректорот, кој требало да го достави барањето до Клиничкиот центар, тоа не го направил и се стекнал со материјална корист. ДКСК предлагаат да се испита и кај другите универзитети дали е слична состојбата.

Реакција на ректорот Јанкуловски: Неосновани и противзаконски се обвинувањата на ДКСК