Регистриран 21 нов случај на КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа е регистриран 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа 11 во Тетово, по три во Скопје и Куманово, два во Струга и по еден во Гостивар и Штип.

Оттаму дополнуваат дека не се пријавени починати пациенти, додека регистрирани се седум оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197“, велат од министерството.

Досега во земјава се направени вкупно 914.381 тестирања на КОВИД-19, а во последното деноноќие се направени 3.227 тестирања.