МЗ: 14 починати и 472 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале 5 лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 лица од Кочани (85г и 68г) и едно лице од Виница (47г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 472 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 222 случаи во Скопје, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8 и 7 во Кичево – 7.

Потоа, регистрирани се 6 случаи на Ковид-19 во Ресен, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2 и по 1 воВаландово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 498 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2 и по 1 од Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.347.969 тестирањана Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 3.431 тестови.