Референдум за истополовите бракови во Словенија на 20 декември

Пратениците на парламентот во Словенија донесоа одлука на 20 декември да одржат референдум за истополовите бракови, на иницијатива на конзервативната група која ја има поддршката на католичката црква во земјата.

Групата „Децата се во прашање“ успеала да собере 40.000 потписи, потребни за одржување на референдумот. Тие се против законот усвоен оваа година, а со кој бракот се дефинира како „заедница во која двајца возрасни стапиле доброволно“.

Конзервативците велат дека законот им дозволува на хомосексуалците да посвојуваат деца.
Поддржувачите на овој закон пак, велат дека во прашање се човековите права кои никако не смеат да се одлучуваат на референдум.

Меѓутоа, пратениците одлучија овој референдум да се одржи, гласајќи го со 69 гласа „за“ и 11 „против“.