Реџепи за МИА: Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата

Владата одлучи гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА.

„Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да се измени трасата на самиот врв на Водно каде е високостеблестата шума. Новопредложената траса ќе биде покрај една постоечка патека и постоечки пат, само се предвидува да се прошири од лева и десна страна по неколку метри и со тоа уште повеќе ќе се избегне сечењето на шумата на Водно, која според анализите на јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје изнесува околу 1.400 метри кубни сеча на дрва“, вели Реџепи за МИА.

Измените на трасата ги направиле по преговорите со граѓанските организации кои се противат на изградба на гасоводот низ парк шумата Водно. Владата одлучи неколкукратно да ја компензира исечената шума со пошумување на овој предел и да се врати во првобитна состојба за неколку месеци.

Радио МОФ пишуваше за оваа проблематика, а ја помина и патеката по која би се движела гасоводната траса низ Парк-шумата Водно заедно со активистите.

[Фотогалерија] По патот на гасоводната траса низ Водно