Речник со над 400 поими и нивни дефиниции за родова еднаквост сега достапен и на македонски јазик

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираше дека од денеска на македонски јазик е достапен речник кој содржи повеќе од 400 поими и нивни дефиниции од терминологијата за родова еднаквост.

Целта на поимникот и речникот со македонски зборови е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко, додаваат од МТСП.

Поимникот и речникот ги преведе Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ), а од МТСП велат дека институтот од 2013 година работи со седум земји кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати на Западен Балкан и Турција за да го изградат својот капацитет за родова еднаквост според Инструментот за претпристапна помош од Европската комисија.

Инаку, поимникот и речникот, освен на македонски, преведен е и на албански, српски и босански јазик.

Речникот е достапен на овој ЛИНК.