Разрешен член на управниот одбор на битолскиот студентски дом поради судир на интереси

На денешната седница, по доставена иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата го разреши Ристо Чулаковски од функцијата член на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола.

Од Владата само кусо соопштуваат дека Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси.

Оттаму посочуваат и дека внимателно и детално се разгледуваат сите пристигнати иницијативи од Антикорупциската комисија, и дека борбата против корупцијата и криминалот е меѓу клучните приоритети во владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“ за 2021 година.

Во последниот извештај на Транспаренси интернешнел, објавен на крајот на јануари, Северна Македонија се најде на дното во регионот и ја оствари историски најлошата позиција според Индексот за перцепција на корупцијата.

Земјава се наоѓа на 111 место од 180 светски држави според извештајот кој секоја година го објавува оваа меѓународна организација.

С. Македонија на дното во регионот според корупцијата и со историски најлоша позиција на индексот на Транспаренси