„Растителни пионери: освојувачи на нови светови“ – Изложба на ликовни дела во Сули Ан

Во организација на Факултетско студентско собрание на Факултетот за ликовни уметности и Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) ќе се одржи овогодишното издание на изложбата на ликовни дела на тема „Растителни пионери: освојувачи на нови светови“.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 12 декември во Сули Ан. Со почеток од 18 часот, ќе бидат претставени дела на Ана Чоловиќ Лешоска, Гоце Илиевски, Јана Бутеска, Марија Јаќовска, Марија Ќорнакова, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Славчо Павлоски, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Христина Апостолоска.

Поставката ќе можете биде отворена за јавноста до 16 декември, а влезот за изложбата е бесплатен.

Изложбата е дел од проектот „Диверзитет, таксономија и дистрибуција на родот Adans. на планината Кожуф – 37 години по флората на Мицевски -“, финансиран од Македонското еколошко друштво (МЕД) преку програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“.