Работилница за уметност и градинарство за деца во „Градиднина“ во МКЦ

Младински културен центар денеска (1 јули) организира работилница за уметност и градинарство за деца во „Градиднина“.

„Во работилницата ќе има две активности, ќе сликаме и цртаме на церада од 4 метри, на оградата на градината, а ќе засадиме и зеленчук во градината. Ќе садиме садници од пченка, брокула и карфиол“, стои во најавата.

Работилницата се обидува да додаде убавина во градината со цртање на децата и да им даде можност на децата да садат и наводнуваат. Активностите започнуваат од 18 до 19:30 часот.

„Децата од 3 до 12 години се добредојдени да учествуваат“, велат од МКЦ.

Работилницата е бесплатна и вклучува сликарство и цртање со Доротеј Нешовски. Исто така, градинарство и садење со Хајан Алхалаби.

Инаку, лани МКЦ ја отвори пермакултурната градина „Градиднина“ пред влезот на Центарот. Целта, како што најавија, е таа да биде динамично место кое покрај својата основна функција, односно создавање нов простор во МКЦ во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе биде и простор за изникнување на различни идеи и проекти врзани со широки грасрут иницијативи.

[Галерија] Во МКЦ отворена пермакултурната градина „Градиднина“