Организацијата „Еколошкото село – Зелено Блаженство“ на 10 јули организира нова активност – работилница за правење на фурна од земја и коб градба.
„Ќе правам фурна од земја и летна кујна од природни материјали. Па, кој сака да научи нешто за природна градба и да помогне во изградбата , нека повели .Работилницата е на волонтерска основа. Храната е на база на делење. Куќниот ред е без месо, алкохол, дрога, пцовки“, се вели во соопштението на „Еколошкото село – Зелено Блаженство“.
Инаку, Радио МОФ веќе пишуваше за еколошката куќа на Димче Ацков, кој работеше на неа без механизација, користејќи единствено природни материјали.
Куќата во форма на купола се наоѓа во близина на велешкото Долно Оризари.