Работилница за изработка на бележници за книга во „Илика“

Во сабота (6 април) во кафе-книжарницата „Илика“ ќе се случи работилница за изработување бележници за книга.

„Донесете ги старите весници, картони, остатоци од колажна хартија, светки, боички и фломастери и направете уникатен бележник за книга! Оставете да ве понесе креативноста и изработете бележник кој ќе се најде меѓу страниците на следната ваша лектира или, пак, ќе ја подарите на некој ваш пријател или пријателка. Тимот на „Илика“ ќе биде тука за да ве инспирира со интересни примери кои ќе ја поттикнат вашата креативност“, пишува во најавата.

Работилницата е наменета за деца и возрасни, а ќе започне во 12 часот.