Работата од дома нè прави попродуктивни, покажува ново истражување

Голем експеримент за работа од дома, кој е предизвикан од пандемијата со Ковид-19, го подели мислењето во корпоративниот свет и предизвика бесконечно долги дебати за тоа дали вработените можат да работат исто толку ефикасно од кујната, како од канцеларијата на работното место. Новото истражување покажа дека работата од дома всушност нè прави попродуктивни, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Проширувањето на работата од дома ќе ја зголеми продуктивноста на економијата на Соединетите Американски Држави за 5%, најмногу заради заштедите при одење на работа, покажа истражувањето.

Исто така, истражувањето покажа дека присилносто усвојување на нови технологии поради пандемиајта ќе има повеќе придобивки за економијата, а ниската продуктивност, која беше оценета како една од најголемите пречки за забрзан раст на економијата, сега може да се отстрани.

Извршниот директор на компанијата „Goldman Sachs Group Inc“, Дејвид Соломон, новиот начин на работење го нарече „привремено решение“, кое ќе прекине „што е можно поскоро“, тврдејќи дека е особено важно новите вработени да ја апсорбираат културата на Вол Стрит.

Наспроти ова, Марк Цукерберг, извршниот директор на Фејсбук, вели дека можноста за зангажирање инженери кои се физички далеку од канцелариите на компанијата, отворило нови бази за таленти, а многу вработени ќе работат од дома и по пандемијата, со плати во согласност со нивните нови локации.

Повеќе од 30.000 американски работници учествувале во истражувањето, со цел да се утврди дали тие сакаат да продолжат да работат од дома, дури и откако пандемијата ќе заврши.